Трамп ги отпушти сите членови на Комисијата за ликовни уметности, која планираше да ги преиспита неговите градежни проекти

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги отпушти сите шест членови на независната федерална Комисија за ликовни уметности, која планираше да ги разгледа неговите градежни проекти, вклучително и изградбата на нова балска сала, поради што се урива Источното крило на Белата куќа.
-Се подготвуваме да именуваме нов состав на Комисијата, чии членови ќе бидат повеќе усогласени со политиката на претседателот Трамп – „Америка на прво место“, изјави неименуван претставник на Белата куќа.
Комисијата за ликовни уметности, составена од архитекти и урбанисти, е формирана од Конгресот пред сто години, како советодавно тело за дизајн на градежни проекти во главниот град на САД.
Отпуштените членови беа именувани од поранешниот претседател на САД, Џо Бајден.
Изградбата на балската сала „Трамп“ во Белата куќа започна минатата недела и се очекува да чини повеќе од 250 милиони долари.
Демократскиот сенатор Адам Шиф и неколку други сенатори вчера побараа од Белата куќа да достави целосен извештај за тоа како администрацијата го финансира проектот за балската сала.
-Нетранспарентната природа на оваа шема ги зголемува загриженостите дека претседателот Трамп повторно го продава претседателскиот пристап на поединци или субјекти, вклучувајќи странски државјани и корпоративни актери, со лични интереси во федералните акции, наведе Шиф во писмо до шефицата на кабинетот на Белата куќа, Сузи Вајлс.
Трамп, поранешен инвеститор во недвижнини, наведе дека тој и донаторите ќе платат за изградбата на балската сала во Белата куќа.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
