Трамп: Американско-кинеските односи се подобри од кога било, но трговијата може да биде пречка
Американско-кинеските односи се подобри од кога било, но прашањата за трговијата и трговскиот дефицит меѓу двете држави може да бидат пречка, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
- Не мислам дека некогаш сме имале подобри односи со Кина, отколку сега. Единствено што може да го спречи тоа е трговијата. Таа е многу еднострана. Луѓето кои биле тука толку многу години, на оваа позиција каде што сум јас сега, не смееле да дозволат да се случи тоа. Тоа е многу неправедно кон САД и кон работната сила на САД, изјави Трамп.
Според американскиот претседател, ситуацијата со трговскиот дефицит меѓу САД и Кина со годините само ќе се влошува, но сегашната Влада има намера „да го поправи тоа“.
- Тоа може да е единственото нешто што може да застане на патот на долготрајните и прекрасни односи, затоа шти ги имаме сите предуслови за пријателство, рече Трамп.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце