Трајанов: Алтернатива бара некаква амнестија за „ Диво Насеље“ и „Монструм“
Павле Трајанов, лидерот на Демократски сојуз, вечерва во Тема на денот во Дневникот на Сител информираше дека премиерот Зоран Заев ги собрал коалициските партнери на разговор околу кадровските решенија во новата влада и текот на разговорите со Алтернатива.
-Немаше некоја посебна расправа или развиена дебата. Премиерот зборуваше и за спорот со Бугарија, рече Трајанов.
Според него, спорна е точката околу меѓународна истрага за некои судски процеси.
-Ова не може да биде предмет на договор. Алтернатива бара некаква амнестија и тука не смее да стане збор. Диво насеље е терористички акт, а Монструм двапати се судеше, потенцира Трајанов.
Трајанов смета дека би дошло до нарушување на односите, поради тоа што би имало 3 потпретседатели на Владата и 7 министри од албанска националност.
-Владата не треба да биде фактор на дестабилизација. Повеќе министерства без ресор е несоодветен, вештачки потег. Се плашам за негативна рефлексија врз меѓуетничките односи, вели Трајанов.
Ново на Сител
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден
-
Еколошките здруженија реагираат на загадувањето на Охридското Езеро
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите