Трагично заврши љубовта на двајца млади: Ги убиле бидејќи се венчале без дозвола

Пакистанската полиција денеска соопшти дека во Карачи уапсила десет лица поради убиство на двојка која без дозвола стапи во брак.
- Абдул Хадија (24) и Хасина Биби (19) се венчале на почетокот од ноември, а роднините минатата недела ги убија, бидејќи стапиле во брак без одобрување од постарите роднини, изјави полицискиот претставник Касим Хамид
Тој додаде дека телата на сопружниците биле пронајдени вчера на локалните гробишта, а потоа се уапсени таткото на зетот и деветмина роднини, додека таткото на невестата побегнал.
Уапсените признале дека по наредба на племенскиот совет (Џирга), со ножеви ги усмртиле сопружниците поради непочитување на обичаите на етничката група Паштуни.
Голем број родители во Пакистан ги договараат браковите на своите деца против нивна волја. Речиси 1.000 жени годишно се убиваат во Пакистан во име на „одбрана на честа“ - бидејќи се омажиле без дозвола на семејството или се обиделе да побегнат од договорен брак.
Ново на Сител
-

Макрон: Франција нема да учествува во воени операции во Ормуската теснина
-

„Кир не е Винстон Черчил“: Трамп разочаран од британската воена поддршка против Иран
-

Зеленски ја прифати помошта од ЕУ за нафтоводот „Дружба“
-

Шојгу предупредува: Поради украинските дронови, ниеден дел од Русија веќе не е безбеден
-

Утре не очекува променливо облачно и посвежо време
-

Вчера четири лица лишени од слобода за семејно насилство во Скопје, Тетово, Кичево и Куманово
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице од велешко за сторени повеќе кривични дела во врска со кражба на дрва
