Трагичната смрт на девојчето која ја потресе Србија: Марија (14) починала од вирусно воспаление

Според првичните резултати од обдукцијата која ја направи нишкиот Институт за судска медицина, Марија Прибановиќ (14) од околината на Трстеник почина од вирусно запаление на белите дробови.
Обдукцискиот наод се уште не е комплетен, зошто се чека на споредување на нејзиниот здравствен картон и токсиколошките резултати. Имено, можно е да било погубно за младиот организам тоа што земала некои лекови за снижување на телесната температура.
Смртта на девојчето во почетокот на месецот предизвика големо вознемирување кај јавноста, зошто според семејството, починала, без да боледува или да има друг здравствен проблем. Нејзе на 7. септември и се слошило, а починала пред да дојде Брзата помош од Трстеник.
Марија тој ден паднала од скали, но имала само неколк гребаници и на мајката и рекла дека и е добро и не треба да оди на леакр. Меѓутоа вечерта, околу 23 часот се онесвестила и потоа и починала.
Семејството ги повикало лекарите од Брзата помош но тие задоцниле, а да дошле на време, веруваат дека „ќе ја спаселе Марија“.
Обвинителството поради овие обвинувања и наложи обдукција, а конечниот извештај ќе биде наскоро достапен во јавноста.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
-

Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк
-

Курти гаѓан со јајца – хаос во Собранието на Косово
-

Внимавајте: МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата викендов | ВИДЕО
-

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор
