-->
-->
Трагедија во Чикаго: Србин убиен во неговата компанија, убиецот се самоубил | ВИДЕО
-->

Србин (Н.М.) загина во Чикаго откако во него пукало досега неидентификувано лице. Повредено е и уште едно женско лице кое се наоѓало во компанијата чиј сопственик бил Н.М., пишува Српски Тајмс.
Пукањето се случило во канцелариите на компанијата, а за убиството осомничен е маж од афроамериканско потекло кој во фирмата работел како возач на камион.
Откако пукал во српските државјани, убиецот влегол во камион, по некое време откако бил опкружен од полиција пред нивните очи си пукал во глава и починал на лице место.
Србинот починал на пат кон болница, а ранетата девојка која исто така е од Србија се наоѓа на интензивна нега.
Првите информации кои ги пренесува српскиот портал се дека причината за убиството е недоразбирање на работното место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
