Трагедија на матурската екскурзија: Ученик излегол да испуши цигара на тераса и паднал од третиот кат на хотелот
19-годишен ученик во Сообраќајно техничкото училиште во Шибеник, Анти Микуландра (19) од Билица трагично настрада на матурската екскурзија.
Трагедијата се случи утрово во близина на центарот на Прага, во еден хотел, нешто пред појадокот кога ученик паднал од третиот кат. Според едната верзија, матурантот излегол да балконот од хотелот да запали цигара зошто пушењето било забренаето во собите, а според другата е дека излегол на свеж воздух зошто му се слошило, и според третата дека се качувал од балкон на балкон. Што точно се случило ќе утврди прашката полиција која го прави увидот.
Момчето живеело со мајка си и тројца браќа и сестри, зошто пред неколку години му починал таткото. Што точно се случило и како паднал, ќе се знае кога ќе стигне службената потврда.
Инаку, веста за несреќата во Прага утрово брзо се прошири низ Шибеник преку учениците и наставниците кои тажната вест ја дојавија на своите семејства и пријатели.
„Билице се завиени во Црно. Сите сме шокирани од трагичната смрт на нашиот млад сограѓанин. Неговата мајка Дариа е скршена од болка. Пред три години, сопругот Лука и починал на 39 години, а сега го загуби и синот. Анте беше нејзиното најстаро дете, а уште има и два помали синови и малечка ќерка, велат во Шибеник.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата