-->
-->
Трагедија на Балакнот: Прваче почина за време на настава
-->
Ученик во прво одделение во Основното училиште „Зенеј Хајдини“ во село Рајница кај Прешево, 6-годишниот Ф.Ј. починал вчера за време на настава. Според зборовите на наставничката Ифета Ибрахими, момчето на почетокот на петтиот час само одеднаш паднало од столчето.
-Детето не се пожали дека нешто го боли, а никому не му е познато дека имало здравствени проблеми. Кога падна од столчето го кренав и повикав помош. Брзо го однесовме на лекар - рекла наставничката.
Шукри Имери, директор на училиштетот кажал дека докторите 20 минути се обидувале да го реаниимираат, но можеле само да констатираат смрт.
Директорот додал дека момчето било покрупно и повисоко од останатите деца и дека во текот на денот не се жалело на тегоби. Обвинителката од Врање, Данијела Трајковиќ поттврдила дека момчето починало поради проблеми со срцето.
На телото на момчето немало повреди. Со оглед на тоа дека починало природно, родителите не сакале да се врши обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден