Македонија
6. July 2017 - 12:27

Трагедија: Маж пронајден удавен во Дебарско езеро

Вчера околу 14,00 часот кај Дебарското Езеро во близина на брегот на место викано „Мочово Поле“, пронајден бил починат Ј.Ј. (78) од с.Голем Папрадник-дебарско. Смртта без траги на насилство ја констатирал лекар од судска медицина.

Смртта настапила како последица од давење во вода. 

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС-Дебар. 

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.