-->
-->
Трагедија: Девојка (19) починала на истиот ден како нејзината мајка пред 19 години
-->

Нежда Муриќ (19) од населбата Тржац кај Цазина, загинала во сообраќајна несреќа која се случила утрово на излезот од наведеното место.
Несреќата се случила кога автомобил, марка „голф“, кој го возела девојката излетал од патот, се превртел неколку пати и удрил во дрво. Таа се здобила со сериозни повреди поради кои починала на лице место, пренесува „Nezavisne novine“.
Според неофицијални информации, таа немала врзано појас.
Истрагата покажала дека причини за несреќата биле лошите временски услови и брзо возење.
Девојката очигледно доцнела на работа, па на крајот тоа ја чинело живот.
Нејзините блиски изјавиле дека била верена и наскоро била планирана свадба. Жителите биле во шок, особено поради тоа што мајката на девојката загинала на ист ден пред 19 години.
Телото на девојката е префрлено во оделот за патологија на обдукција во Кантоналната болница во Бихаќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР