-->
-->
Трагедиите се нижат една по друга - Трагично загина пешак
-->

Трагедиите се нижат една по друга. Откако синоќа гром усмрти маж во прилепско, уште една несреќа ја потресе Македонија. Во текот на вчерашниот ден околу 14 часот во близина на населба Карач во Стар Дојран, се случила страшна сообраќајна незгода во која вавтомобил „Опел Корса“ со светиниколски регистерски ознаки, со кој управувал 25-годишниот Д.С. удрил во 77-годишниот пешак Ристо Б. од Гевгелија.
Според податоците, во сообраќајната несреќа пешакот се здобил со повреди и бил пренесен во Здравствениот Дом Гевгелија, а потоа поради сериозноста на повредите бил пренесен во болницата „8-ми Септември“ во Скопје, каде за жал и покрај напорите на лекарите им подлегнал на повредите.
Полицијата изврши увид по несреќата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
