Традиционална манифестација „Денови на Св. Мајка Тереза“ во Скопје

Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ по 20. пат ја организира манифестација „Денови на Св. Мајка Тереза“, која годинава е под знакот на 109 – годишнината од раѓањето на Св. Мајка Тереза“, којашто традиционално се одвива од 26 август до 5 септември.
Манифестацијата ќе започне денеска (10:00) на датумот кога е родена „Св. Мајка Тереза“, со положување цвеќиња на спомен – плочата на местото на нејзината родна куќа во центарот на Скопје и пред нејзиниот споменик на улица „Македонија“. Активностите продолжуваат во 11 часот во Домот на АРМ, каде сликарот и хуманист Живко Поповски – Цветин ќе ја отвори изложбата на ликовни дела и фотографии посветени на Св. Мајка Тереза и на фотографии на старо Скопје, по што ќе биде промовирана збирката песни „Со почит кон Мајка Тереза“ од група автори.
На 5 септември денот на упокојувањето на Св.Мајка Тереза, во Домот на АРМ со почеток во 20 часот ќе се одржи свечена академија на која ќе бидат доделени традиционалните посланија за хуманост и статуетки со ликот на Св. Мајка Тереза на истакнати хуманисти и здруженија.Годинешни добитници се: граѓанските хуманитарни здруженија „Банка за храна“ (претседател Душко Христов) и „Еурохуман Интернационал“ (претседател Сејфула Бектеши), Општина Центар (градоначалник Саша Богдановиќ), Месната заедница Ласкарци – Општина Сарај, Мики – Ли Мијалчиќ – заменик командир во Полициската станица Центар, Сергеј Самсоненко – бизнисмен и хуманист и Свето Стаменов – новинар на Македонското радио – Радио Скопје, публицист и хуманист.
Во музичкиот дел на манифестацијата ќе настапат Мандолинскиот оркестар при МКЦ – Скопје со солистот на обоа Вултет Назири, под диригентство на Ванчо Јовчев, оперската певица Серафина Фантаузо, а музички партитури на виолина и пијано ќе изведат Ева и Марија Богоевски. Водител на програмата ќе биде Билјана Дебарлиева.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДМНЕ: Дали СДСМ работи против „Безбеден Град“
-

Фејсбук го прослави 22-иот роденден
-

Командирот на ППЕ Кочани: Гореа плафонот, шанкот и бината, имаше сандаче за хидрант со црево, но без вентил
-

Пожарникарите стигнале на местото на пожарот во дискотеката Пулс пет минути по дојавата, имало многу заглавени лица
-

Приведен 34-годишник од Гостивар, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога | ФОТО
-

Сообраќајка во Охрид: Двајца возачи со забрани, едниот пијан
-

Скандал во Бугарија: Жени тајно снимани во салони за убавина, снимките завршиле на порно-сајтови
-

Конкурс за избор на невеста и зет на „Галичка свадба 2026“
