-->
-->
„Тотал инженеринг“ неодамна ја продаде севкупната механизација, тврди управителот
-->
„Тотал инженеринг“ водејќи се од принципиелни и објективни причини и со цел да оневозможи каков било конфликт на интерес при својата работа, неодамна изврши продажба на севкупната механизација (камиони, багери, ваљаци, булдожери и останато). „Тотал инжинеринг“ нема никаков деловен однос со компанијата која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја наведува во обид да конструира непостоечки лажен случај.
Ова се наведува во демантот на управителот на „Тотал инжинеринг“ Дооел Струмица, Вице Заев во врска со, како што посочува, изнесените лаги од страна на Мицкоски, кои се однесуваат на наводна работа на механизација која е сопственост на „Тотал инџинеринг“ во РЕК Битола.
Потенцира дека механизацијата на „Тотал инженеринг“ ниту пред продажбата, ниту после тоа, не била и не е ангажирана во ниту една постапка во РЕК или во која било друга државна институција.
Оттука, лажните обвинувања на Мицкоски ги сметаме единствено за низок, непромислен и неуспешен обид на неговата партија да го извалка името на премиерот, неговите роднини и компанијата Тотал. За изнесените невистини ќе следува соодветна судска постапка, а во меѓувреме јавно ги повикуваме институциите (Обвинителството и финансиската полиција), но и сите невладини организации кои се занимаваат со отчетност и транспарентност, да ги истражат детално обвинувањата на Мицкоски и јавно да се произнесат дали „Тотал инженеринг“ има каква било индиректна или директна релација со евентуални тендери во државни или јавни институции, стои во демантот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок