-->
-->
„Тоска“ во Македонската опера и балет
-->

Македонската опера и балет вечер ќе ја изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини. Ќе настапи хорот на МОБ под диригентство на Бисера Чадловска.
- Ова ремек-дело на Пучини е приказна за трагичната љубов на Флорија Тоска и сликарот Каварадоси, прекината од еден злогласен шеф на полицијата (Скарпија) во Рим, во периодот на движењето за обединување на Италија, соопшти МОБ.
Во трите главни лика ќе настапат првенците на Операта: Весна Ѓиновска-Илкова (Флорија Тоска), Цветан Стојановски (Каварадоси) и Борис Трајанов (Скарпија).
Во останатите улоги ќе учествуваат: Ернес Ибраимовски, Драган Ампов, Никола Стојчевски, Диме Петров, Димитар Кожухаров и Десанка Глигоријевиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
