Тошковски: За пожарите досега приведени околку 20 лица, за дел има основани сомненија дека се организирана група

Државата годинава покажува дека можело многу поинаку да се даде одговор на сите предизвици со пожарите. Согласно она што го имам денеска како информација во рамки на оперативна акција преземена во врска со пожарите досега се лишени од слобода околку 20 лица. Дел беа во куќен, дел во ефективен притвор, а дел пуштени на слобода поради тоа што беа малолетници, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
МВР, нагласи Тошковски има директни докази дека дел од пожарите се подметнати, а имаме и соодветни докази поврзани со организирани структура.
-Оние кои што беа пиромани и кои индивидуално постапуваа во рамки на палење на пожари ги фативме. Не сите, но фативме добар дел од нив. Но оние кои што организирано, особено првиот ден кога настанаа огромен број пожари околу Скопје и имаше многу симптоматична и временска и подрачна појава на пожарите околу витални објекти од значење на државата, во однос на тие пожари имаме основани сомненија дека станува збор за организирана група која што ќе видиме понатаму која и била целта, изјави Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Меморандум за соработка со Црвениот крст.
Според Тошковски Владата навреме презеде мерки и донесе наредба за забрана за движење во шуми и има ефекти, без разлика, што како што вели „ова лето е можеби најжешко од аспект на сувост на вегетацијата“ и дека граѓаните тоа може да го видат.
- Мислам дека одговорот што го имаме е далеку поразличен од тоа што државата го имала како одговор во минатото и тоа е видливо на терен. Видливо на терен е од аспект на сили кои што ги имаме, од аспект на механизација и дејствија што ги презема Владата, навреме донесе забрана за движење во шуми и сето тоа дава резултат за разлика од претходно, изјави Тошковски.
Целта на МВР, нагласи Тошковски, е да покаже дека државата навистина функционира и дека институциите за разлика од порано си ја работат работата, дека луѓето се посветени на тоа што им е работа и дека навистина сакаме да изградиме Македонија која ќе биде не само територијално дел од ЕУ и европските вредности, туку Македонија која ќе биде суштински со европски вредности во рамки на секојдневното функционирање.
- Не е битно што говорат политичарите, колку што се битни се делата на институциите. Тоа е она што треба да биде видливо и да даде додадена вредност за државата. Доколку институциите остават дела зад себе, од аспект на функционалност, професионалност и навременост, тогаш сите македонски граѓани подобро ќе се чувствуваат и ќе имаат подобар живот во Македонија, изјави Тошковски.
МИА
Ново на Сител
-

Кривична за четири лица од Кочани за злоупотреба на службена положба во јавна набавка од 1,4 милиони денари
-

Град Скопје го уредува кејот на Вардар и најавува изградба на нова градска плажа
-

Тивок марш и парастос во Македонска Каменица „Кети Милковска и 63 ангели“
-

Нападната екипа на ТППЕ во Куманово, полицијата приведе две лица
-

Кривична за поранешен директор и три лица во јавно претпријатие во Кочани за злоупотреба на службената положба
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка, со активна забрана за управување од нив една малолетничка
-

ОН ја повикаа Русија да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Украина
-

Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени
