Тошковски: Темелна контрола на објекти со лиценца, но и на оние објекти кои се користат како дискотеки и клубови
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека по пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, тимовите на МВР, Дирекцијата за заштита и спасување и Државниот пазарен инспекторат денеска постапуваат на повеќе локации, а во рамки на контролата не се опфатени само објекти со формална лиценца, туку во наредните денови предмет на темелна контрола ќе бидат и објекти кои што се користат како дискотеки, кабареа и клубови.
- Опфатени во оваа контрола не се само објекти кои што имаат формална лиценца, важечка или неважечка, ќе видиме понатаму во постапката, туку и сите оние објекти кои што се користат како дискотеки, кабареа, клубови во наредните денови ќе бидат предмет на една темелна контрола, согласно заклучокот на Влада, рече Тошковски на денешната прес-конференција.
Тој посочи дека се врши увид, од аспект на тоа дали се исполнети сите оние потребни предуслови за нивно функционирање. Сепак, како што рече, констатирањето на сите оние факти кои што се битни од аспект на заштита од пожари, се во надлежност на другите институции.
- Сепак, утврдувањето на овие потребни предуслови е во надлежност на други институции. МВР да речеме дека дава поддршка во рамки на своја надлежност во овој случај, но констатирањето на сите оние факти кои што се битни од аспект на заштита од пожари, се надлежност на други институции. Најбрзо што може, ефикасно и професионално ќе си ја завршиме работата и ќе постапиме со соодветни одлучни чекори кон истите, таму каде што ќе има услови за постапување. Јавноста ќе биде благовремено информирана, рече Тошковски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника