Тошковски: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции, дигитализација на процесите за модерна и ефикасна полиција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Центарот за обука на МВР во Идризово присуствувал на презентација на најновиот софтвер за менаџмент на воздухопловни операции специјално дизајниран за потребите на хеликоптерските единици во состав на Министерството за внатрешни работи.

Тошковски истакнал дека операциите со хеликоптери се од клучна важност за МВР било да станува збор за спасување, транспорт, гасење пожари, полициски операции или цивилни задачи и заради тоа се наметнува потребата од висок степен на организација, координација и сигурност при изведувањето на мисиите.
-Сложеноста на операциите во хеликоптерските единици бараат постојана адаптација и брза реакција во секој момент. Креиравме софтвер кој ќе ги обедини сите аспекти, интегрирано управување, автоматизација на процесите, со цел подобра координација и поддршка за носење на брзи одлуки. Ја видовме важноста на хеликоптерските единици во справување со пожарите и колку брзата и професионална реакција е важна за обезбедување на безбедноста на граѓаните и од овој аспект. Еден од стратешките планови на новото раководство на МВР, вклучително и Владата е дигитализација на процесите со цел побрзи и подобри услуги за граѓаните, унапредување на процесите во полицијата кои ќе креираат модерна и ефективна полиција која успешно ќе се бори со сите видови криминал и корупција и ќе ја гарантира безбедноста на секој граѓанин и државата, потенцирал министерот Тошковски.
Ново на Сител
-

Италија, Бугарија и Малта се придружија на барањата на Белгија за алтернативни опции за помош на Украина
-

Најстудено на Попова Шапка
-

На „Криволак“ ќе бидат уништени минско-експлозивни средства запленети пред 15 години
-

Сончево со минусни утрински температури, а преку ден до 15 степени
-

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје
-

Над 270 дечиња присустуваа на церемонијата на свечено менување на државното знаме во кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие нов Луна парк, почнува јавната набавка за проектирање и монтажа
-

МВР: Утре на полигонот „Криволак“ ќе се уништи голема количина на минско-експлозивни средства запленети пред 15 години
