Тошковски: Има обид за девалвација на процесот за набавка на униформи

Во јавноста имаше обид за девалвација на процесот за набавка на униформи за полициски службеници, оцени министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во одговорот на новинарско прашање денеска по пуштање во употреба на реконструираното Одделение за управни работи – Скопје.
Тој посочи дека полициските службеници, во времето кога бил во техничката влада немале соодветни униформи и различно се облекувале.
- Оваа набавка што беше спорна во јавноста, не од законски аспект, туку од аспект што немало доволно критериуми во тендерската документација, е помалата набавка. Сега треба да следи поголема набавка, која се однесува на сите униформирани полициски службеници, не само на специјалните сили. Таа ако беше за бројка од 1.000 луѓе, сега ќе следи набавка за 5-6.000 полициски службеници за кои ќе треба да се набави униформа, рече Тошковски.
Тој искажа оптимизам во ефектуирањето на двете набавки, иако како што рече досега не се потпишани договори ни првата, ниту за втората јавна набавка.
- Се надевам дека во текот на оваа година сите полициски службеници ќе добијат достоинствена униформа, заради тоа што навистина ова што го имаме сега од аспект на униформа е катастрофа.Осум години не набавиле униформа, ќе го направиме и тоа. Осум години денар не вложиле во управните служби, ќе го оправиме и тоа. Се’ што треба во интерес на македонските граѓани, да направиме, ќе направиме, рече министерот.
За проектот „сејф сити“ Тошковоски посочи дека се работи за пакет од закони, 6-7 закони што ќе треба да се изменат и тие биле во владина процедура.
- За многу брзо време очекувам да влезат во собраниска процедура. Но секако, потребните законски предуслови за да ги ставиме во функција, како стартна точка, е 1.1.2026 година, бидејќи до тогаш ќе ги имаме сите потребни влезни параметри кои ги добиваме при регистрација на возилата, за да можеме да го ставиме во функција новиот систем на процесуирање на сите овие дејства што се поврзани со сејф сити, рече тој.
Министерот појасни дека 1 јануари 2026 е термин на кој стартува и со законска легислатива и со имплементација овој проект и искажа оптимизиам дека ќе има поинаква сообраќајна култура во цела Македонија.
- Мора да си го смениме односот кон сообраќајот ако сакаме да имаме помалку жртви, но и како држава, мора да направиме се’ што е во интерес на безбеден сообраќај, а тоа и го правиме. 1.1.2026 е стартот на законското спроведување и важење на сето она што е поврзано со сејф сити, рече министерот Тошковски.
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
