Тошковски: Безбедносната состојба на подрачјето на ОВР Струга е стабилна, направен е план за безбедно спроведување на изборниот процес
Безбедносната состојба на подрачјето кое го покрива ОВР Струга е стабилна и во првото тромесечие од 2024 година не се евидентирани посериозни настани од безбедносен интерес, оцени при денешната посета на ОВР Струга, техничкиот министер за внатрепни работи Панче Тошковски.
Во делот на имотните кривични дела, според него, има мало зголемување, но од страна на ОВР Струга се преземаат потребните мерки и активности за сузбивање на овој вид криминал.
- Како позначаен постигнат резултат во делот на сузбивање на криминал поврзан со недозволена трговија со дрога и оружје го истакнаа апсењето на 23 лица на територија на ОВР Струга во координирана акција со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, издвои Тошковски.
Во однос на материјално-техничките средства, тој посочи дека бил потенциран недостатокот на возила особено во Полициското одделение - Велешта, кое покрива голема територија, а во моментот немало ниту едно возило. Пополнетоста со човечки ресурси рехничкиот министер ја оцени на многу ниско ниво.
Тошкоски, како што соопшти МВР, образложил дека направен е план за безбедно спроведување на изборниот процес и оти се преземаат сите мерки за прибирање на сознанија за евентуални изборни нерегуларности.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта