Томас Вајц: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик
Факт е дека во извештајот на Европскиот парламент за Република Северна Македонија се споменуваат македонскиот јазик и македонскиот идентитет, и не гледам никаков проблем во тоа, вели известувачот на Европскиот парламент (ЕП) за земјава Томас Вајц во изјава за бугарската телевизија БТВ.
- Со сето должно почитување - сите култури, идентитети и националности во Европа се тесно испреплетени. Го кажувам ова како Австриец, како Словенец, како Унгарец, како граѓанин на Европската Унија, вели Вајц во пресрет на гласањето за извештајот за Македонија во Европскиот парламент.
Тој, претходно во интервју за „360 степени“ кажа дека неговиот нацрт-извештај за Македонија има неколку упатувања на признавање на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, за што е напаѓан од бугарските европратеници, но оти според него, „нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски“.
- Во нацрт-документот, таков како што е сега, има неколку референци за признавање на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Лично ми е жал што ова е потребно, бидејќи нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик. Лично, не би гледал потреба тоа да се каже. Но, поради некои прашања што беа поставени, особено од бугарската страна, дека македонскиот е независен јазик што се разликува од бугарскиот и дека македонскиот идентитет беше доведен во прашање не само од бугарските соседи, туку и порано од грчките соседи, потребно е да се спомене ова, и тоа е вклучено во нацрт-извештајот. Јасно се споменува реалноста на независниот македонски идентитет и јазик, истакнува Вајц.
Тој очекува мнозинска поддршка за извештајот во Европскиот парламент.
- Очекувам мнозинство за конструктивен извештај, бидејќи има големо мнозинство групи во Европскиот парламент што го поддржуваат процесот на пристапување на Северна Македонија. Така што, мислам дека тоа ќе резултира со големо мнозинство. Иизвештајот ќе биде гласан дури следната недела, така што конечниот резултат ќе биде познат тогаш, кога ќе видиме како гласале различните членови на Европскиот парламент, особено во Комитетот за надворешна политика. Но, подготвениот нацрт јасно ги адресира потребните чекори за следната фаза – отворањето на преговорите, изјави Вајц.
Ново на Сител
-
Орбан и одговори на Фон дер Лајен: Не мешајте се во внатрешните закони на земјите-членки
-
Трипуновски: Го вреднуваме трудот на земјоделците, исплатени над девет милијарди денари субвенции
-
19-годишно момче од Македонија се удави во Ханиоти
-
И нанел набиеници со крвни подливи и се заканувал дека ќе ја убие, обвинение за таткото што ја тепаше 4-годишната ќерка
-
Бела куќа: Иран не го преместил збогатениот ураниум пред нападот
-
ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните од топлото време
-
Бројот на умрени од насилна смрт лани зголемен за 24 проценти, над две третини се мажи
-
Средба Славески - Рокас: Ценовната стабилност останува приоритет на централната банка