Тирана го либерализира пазарот на труд и за Албанците од Северна Македонија

Албанската Влада донесе одлука за либерализација на пазарот на труд за Албанците од Северна Македонија, како и оние од Црна Гора, објави на својот профил на Фејсбук, министерот за Европа и за надворешни работи, Гент Цакај.
Тоа значи дека државјаните на двете земји, а кои се со албанско етничко потекло во иднина не мора да поседуваат работна дозвола или потврда дека се работно ангажирани од фирмата каде работат.
Претходно ваква одлука Vладата во Тирана донесе за Албниците од Косово и од Прешевската Долина, односно јужниот дел на Србија.
-Оваа одлука е составен дел од напорите на Владата за либерализација на пазарот на труд за Албанците во целина. Без оглед на тоа што ова може да изгледа како акција без итно влијание или звучи како потполно симболична иницијатива, ова е неопходен чекор за зголемување на врските на Албанија со Албанците во соседните земји без разлика, напиша Цакај.
Додава дека оваа одлука, сепак, е само дел од поширок пакет мерки што Албанија ги планира за приближување на Албанците во целина.
-Наскоро ќе се видиме со слични одлуки, стои на крајот од постираниот текст на Цакај.
Во коментарите може да се забележат од оние кои ваквата одлука ја поздравуваат до оние кои не се согласуваат зашто како што наведуваат „во Албанија нема работа за нив, а не за оние од соседните земји“.
Ново на Сител
-

Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
-

53-годишна жена од гостиварско киднапирана, па убиена и закопана во с. Неготино
-

Вчера во прилепската болница е примено новороденче старо 8 дена без знаци на живот
-

Safe City и официјално стартува од 1 февруари - Ќе има и праг на толеранција
