Тимот на ФЕИТ освои трето место на седмиот балкански натпревар по LabVIEW

Тимот на Електротехничкиот факултет од Белград освои прво место во екипниот натпревар на седмиот балкански натпревар по LabVIEW - графички програмски јазик за студентите од областа на техничките науки, кој во изминатите два дена се одржуваше на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје.
Меѓу седумте екипи учесници на натпреварот, на второ место се пласираше тимот од Техничкиот универзитет од Загреб, а третото место го освои домаќинот - ФЕИТ.
Екипата на ФЕИТ ја сочинуваа студентите Константин Кузмановски, Илија Ивановски, Ведран Симовски, Илир Селмани, Николчо Петковски и Мино Тодоров. Натпреварот се состоеше од програмирање хардвер и софтвер кој треба да одговори на детални барања од проектната задача и трае вкупно четири часа.
Покрај екипен, имаше и социјален и поединечен натпревар. На социјалниот победи тимот „Витамин Б“ составен од студентите Константин Кузмановски од Македонија, Кристина Аврамовиќ од Србија, Матеј Ногиќ од Хрватска и Гашпер Божиќ од Словенија. На поединечниот натпревар најуспешни беа студентите: Михајло Бјекиќ од Белград (прво место), Крис Лучетиќ од Загреб (второ место) и Марио Лучан од Загреб (трето место). Студентите од ФЕИТ Мино Тодоров, Ведран Симовски и Николчо Петковски ги освоија петтото, шестото и седмото место од 23 натпреварувачи во поединечна конкуренција.
На натпреварот годинава учествуваа 23 натпреварувачи од Словенија, Хрватска, Србија и Македонија избрани како најуспешни студенти од LabVIEW академиите на земјите учеснички. Покрај натпреварувачите, секој тим беше придружен и со двајца професори (ментори) кои учествуваат во координативните активности за реализација на натпреварот и дефинирање на проектната задача.
Осмиот балкански натпревар по LabVIEW идната година ќе се одржи во Србија. LabVIEW (Laboratory Virtual Instrumentation Electronics Workbench) е графички програмски јазик, пред се наменет за инженери. Програмската платформа е широко прифатена на сите универзитети во светот и се користи за научно-истражувачки и за индустриски апликативни цели.
Ново на Сител
-

Деспотовски: Не правам нова партија, ама мојата СДСМ е узурпирана од поединци
-

Тема на денот со Јован Деспотовски
-

,,Македонски етимолошки речник“ од авторот проф. д-р Гоце Цветановски
-

Измени во Законот за финансиски друштва и еврообврзница од милијарда евра поделена на два дела, најавува министерката Кочоска
-

Родители на починатите деца во „Пулс“ сведоци на судењето за пожарот во дискотеката
-

Собранието го распиша огласот за нов државен јавен обвинител
-

11 години затвор за Фатон Љури кој го прегази Југо на пешачка патека пред неговиот дом
-

Парламентот го изгласа Законот за Судски совет
