ТХП: Време е Турците да се соединат околу свој заеднички претседателски кандидат

Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП) под мотото „единство и солидарност“ во Ресен го одржа 4-тиот вонреден тематски конгрес, на кој беа дискутирани повеќе важни теми, соопшти денеска партиската прес-служба.
Претседателот на ТХП, Енес Ибрахим во своето излагање се осврна на успешно заокружениот процес на решавање на проблемот со Р Грција, со што се отворија вратите на НАТО и ЕУ, потенцирајќи дека особено важно е што во овој процес и пратениците со турско потекло од грчкото собрание дадоа силна поддршка.
-Генералното мислење на делегатите е дека на престојните претседателски избори редно време е за прв пат во историјата на самостојна Македонија, Турците да имаат свој претседателски кандидат. Во оваа насока Ибрахим ги покани сите турски политички субјекти да се соединат околу заеднички кандидат, велат од ТХП.
На конгресот освен за резимето од досегашниот учинок на ТХП, се дискутираше и за чекорите кои треба да се превземат во следниот период.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пратениците да се консултираат со уставни експерти пред да се носат измените за укинување на двојното државјанство
-

Предлогот за укинување на техничката влада помина на Собраниска комисија, Филипче со ултиматум до власта
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
