„Тесла“ го бележи второто позитивно тримесечје во својата историја

Акциите на „Тесла Моторс Инк“ се покачија, откако овој американски производител на електромобили го објави второто свое профитно тримесечје од 2010 досега, јави ДПА.
Фирмата на милијардерот Илон Маск, и претприемач во областа на технологијата, има нето приходи од 21,9 милиони долари во третиот годинешен квартал. Истиот период лани, таа забележа загуба од 293,2 милиони долари.
Приходите на „Тесла“ за периодот јули-септември годинава се покачиле за 145 проценти, на 2,3 милијарди долари - многу повеќе од очекувањата на познавачите. Акциите на компанијата пак ја зголемија својата пазарна вредност за над шест отсто.
Компанијата „Тесла“ е основана во 2003, а на берзата излезе во 2010. Досега имаше само едно позитивно тримесечје -тоа во третиот квартал од 2013 година, напомнува БТА.
Ново на Сител
-

АХВ заплени и уништи 470 килограми месо и внатрешни органи во нерегистрирана комора во Василево | ФОТО
-

САД го охрабриле Орбан да се кандидира за генерален секретар на ОН
-

„Принглс“ нуди 200 години бесплатен чипс на оној што ќе се согласи да биде погребан во нивна кутија
-

Мбапе му донесе победа на Реал над Барселона
-

Како до побрза дигитализација на македонските компании? Андоновски и бизнис-заедницата на иста маса
-

Нетанјаху бара засилена поддршка од Трамп пред изборите - Белата куќа гледа знак на очај
-

ЕУ предлага поблиска соработка со Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг, само 20 отсто од Бугарите гласаа
