-->
-->
Тешко повредена параглајдеристка од Кина
-->

Параглајдеристка од Кина на 46-годишна возраст добила тешки телесни повреди при слетување на меѓународен натпревар во параглајдерство во Крушево, соопшти МВР.
Во Полициската станица Крушево вчера во 13.40 часот жител од крушевското село Норово пријавил дека во селската амбуланта имало непознато женско лице-параглајдерист со повреди во пределот на нозете во вид на фрактури.
- Констатирано е дека се работи за Ј.Х (46) од Народна Република Кина која се здобила со тешки телесни повреди за време на меѓународен натпревар во параглајдерство, при нејзиното слетување. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на надворешната канцеларија за криминалистички работи-Прилеп, информира МВР во дневниот билтен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ ќе слави роденден на стадионот во Струмица
-

Пожарите не стивнуваат во штипско
-

Авантуристички туризам - нов прозорец кон развој
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Идната недела стартуваат разговорите за реконструкција на Владата
-

Сиљановска: Проверка на потекло на имот и сериозни реформи за поголема доверба во судството
-

Ахмети најави повлекување, аналитичарите не очекуваат брза смена
