Македонија
7. August 2026 - 14:23

Тешко повреден 19-годишник откако татко му го турнал по скали

Педесет и едногодишен жител на струмичко село е лишен од слобода откако бил пријавен дека физички го нападнал својот 19-годишен син и го турнал по скали.

Според МВР, нападот се случил на 1 август, на терасата од семејниот дом. При падот, 19-годишникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.

Полицијата го лишила од слобода 51-годишникот на 6 август во 16:40 часот и го задржала во Полициската станица Струмица.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Ново на Сител