Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово, има повредени
Вчера попладнето, околу 17:00 часот на регионален пат Скопје-Тетово, кај место викано „Глумовска кривина“, дошло до судир помеѓу патничко возило „Шкода Фабиа“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 54-годишниот А.А. од село Челопек, тетовско и патничко возило „Опел Вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 53-годишниот А.М. од село Сарај, скопско.
Од ударот со повреди се здобиле двајцата возачи, како и 22-годишниот С.А. од село Челопек, тетовско, сопатник од возилото „Шкода Фабиа“.
Тие со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен Центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Кај А.А. биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување, додека кај А.М. и С.А. биле констатирани телесни повреди биле пуштени на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива