Тешка сообраќајка на Качанички пат - три лица итно пренесени на скопските клиники
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во Скопје. Како што информиараат од МВР, вчера во 18.50 часот на крстосницата на бул. „Словенија“ и ул. „Качанички пат“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди А6“ со косовски национални ознаки, управувано од С.А. (44) од Урошевац, Косово и патничко возило „Фолксваген Бора“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И. (30) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.А. (50) од Урошевац, Косово, сопатник во возилото „Ауди“. Тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и по укажаната помош бил задржан на понатамошно лекување. Со телесни повреди се здобиле возачите С.А. и Б.И. и сопатникот во возилото „Фолксваген Бора“, Х.Ф. (26) од Скопје.
Тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. По укажаната лекарска помош Б.И. и Х.Ф. биле задржани на понатамошно лекување, а С.А. бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
