-->
-->
Тешка кражба во стан на ул. „Козле“ во Скопје
-->

Непознат сторител во периодот од 4 часот на 4 јануари до 17 часот вчера, извршил тешка кражба во стан на К.Х. (44) на ул. „Козле“ во Скопје.
К.Х. синоќа ја пријавил кражбата во полиција. Непознатиот сторител со погоден предмет ја отворил вратата од балконот, влегол во станот и одзел машки рачен часовник марка „Брејтлинг“ од 1.200 евра, поголема количина златен накит, пиштол и куршуми кои оштетениот ги поседувал со дозвола, информира МВР.
По извршената кражба сторителот побегнал во непознат правец. На тој начин, тој се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.000.000 денари, а причинил и материјална штета од околу 5.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Избор на нови министри во Собранието
-

Одложена седницата на Судскиот совет
-

Мицкоски: Македонија ги повикува иселениците
-

Славески: Инфлацијата во 2025 околу 4%
-

СДСМ: Поради криминал имаме поскапа струја
-

Полицијата во Охрид со засилени контроли
-

Расте бројот на пациенти со покачен крвен притисок
-

Климатските промени го загрозуваат пчеларството
