Тереза Меј поднесе оставка?!
Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека ќе поднесе оставка пред наредната фаза преговори за Брегзит, а иако не објави датум кога ќе замине од функцијата, високи членови на Конзервативната партија се натпреваруваат кој ќе ја замени.
Меѓу конзервативците кои сакаат да ја заменат британската премиерка се тројца поранешни министри во нејзината влада, Естер Мекви (51) поранешна министерка за труд, поранешната министерка за внатрешни работи Амбер Руд (55) и поранешниот министер за надворешни работи Борис Џонсон (54), пренесува Ројтерс.
Исто така, неколку актуелни министри би сакале да ја заменат Тереза Меј – министерот за надворешни работи Џереми Хант (52), поранешбиот министер за Брегзит, Доминик Раб (45) и министерот за здравство Мет Хенкок (40).
Како кандидати се наведуваат и заговорниците на Брегзит Андреа Лидс (56) и Мајкл Гоув (51), поранешниот дипломат Рори Стјуарт (46), познат по тоа што пешачел 6.000 километри низ Иран, Авганистан, Пакистан, Индија и Непал, и поранешниот банкар Шадџид Џавид (49) и Грејам Брејди (51) претседател на Комитетот на пратеници од редовите на конзервативците.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
