-->
-->
Тепачка во Скопје - двајца соседи со шипки решаваа проблеми
-->
Двајца скопјани физички се пресметаа поради нарушени меѓусоседски односи.
Според информациите на полицијата, вчера околу 12,30 часот во Скопје на улица „Брсјачка буна“ додека Ф.А.(22) од Скопје се движел пеш, бил пресретнат од Ј.Б.(20), Е.Ј.(23) и А.А., при што Ј.Б. физички го нападнал Ф.А., удирајќи го со метална шипка во пределот на задната страна на главата. Причина за нападот биле нарушени меѓусоседски односи. Ф.А. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде му се констатирани тешки телесни повреди и е префрлен во Комплекс клиники "Мајка Тереза". Б.Ј. е приведен во Полициска станица и се работи на расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од отпад до „црно злато“: Рецепт за здрава Преспа
-

Итно да се преземат еврокодовите за поголема безбедност на градилиштата
-

Неопходно е формирање на туристичка полиција
-

Нова опрема за пожарникарите пред сезоната на пожари
-

Годинава се очекуваат рекордни количини на тутун од над 31 милион килограми
-

Преглед на вестите од светот
-

Обвинителството бара притвор за десетмина инволвирани во увозот на нелегални ботокси и филери
-

Тема на денот со Изет Меџити, ВРЕДИ
