Теодора изрешетана со пет куршуми - Во локви крв ја оставиле пред зграда

Теодора Качански (30), фитнес инструкторката од Нови Сад, вчера е тешко ранета во пукањето кое се случило околу 18 часот во новосадската населба Телеп.
Според инфорациите за сега непознат напаѓач излегол од грмушките и кон неа испукал 5 куршума од пиштол, додека таа излегувала од црн Ренџ ровер. Несреќната девојка останала во локва крв пред влезот на зградата во која живеела со своето момче.
Неофицијално, станува збор за класична заседа и напаѓачот знаел на кого пука, бидејќи Теодора била сама за време на нападот.

Полицијата шпекулира дека се работи за класично предупредување на момчето со кое живеела, со оглед на тоа дека тој од порано бил познат на органите на гонење, па се претпоставува дека нападот има врска со неговите нерасчистени работи.
Нефицијално Теодора куршумите ја погодиле во врат, рака, нога и стомак и е во тешка состојба. Лекарите се борат за нејзиниот живот.
Ново на Сител
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
