-->
-->
Теодор со кош во последната секунда му донесе победа на Армани
-->

Американецот со македонски пасош, Џордан Теодор му донесе победа на својот тим Армани Милано во дуелот против Басконија.
На мечот од 19.коло на кошаркарската Евролига, одигран во Шпанија, италијанскиот тим забележа минимална победа со 83-82.
Токму Теодор беше стрелец на победничкиот тим за „манекените“ од Милано и тоа на 6.десетинки пред крајот на средбата. Американецот натпреварот го заврши со 16 поени, колку што постигна и неговиот соиграч Гуделук, додека во редовите на Басконија најпрецизен беше Шенгелиа со 17 постигнати поени.
На останатите средби.
Лидерот ЦСКА Москва славеше триумф на гостувањето во Атина против Панатинаикос со 75-70, а победа на гости забележа и актуелниот шампшион Фенербахче кој го доби градскиот ривал Анадолу Ефес со 89-80.
Единствената победа на домаќините им ја донесе Уникаха која во шпанската пресметка беше подобра од Реал Мадрид со 80-75.
ЦСКА е лидер на табелата со 15 победи и 4 порази, додека две победи помалку имаат Фенербахче и Олимпијакос
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
