Тензии во Газа, Палестинците повикуваат на „огнен петок“
На двете страни од границата меѓу Газа и Израел денеска тензиите се големи, додека Палестинците во Појасот Газа повикуваат на таканаречен „огнен петок“ – втор обид за марш со цел да ја преминат границата кон територијата која стана израелска пред седум децении.
И едната и другата страна денеска очекуваат големо насилство.
Во пресрет на „Маршот за враќање“ кој Палестинците денеска планираат да го почнат, со намера да трае до средината на мај, Израел соопшти дека нема да ги менува своите правила, а израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман предупреди дека оние што ќе ги прекршат правилата „ќе бидат застрелани“.
- Ова ќе биде уште еден крвав викенд. Го имаме Хамас кој вооружен се обидува да се протурка повеќе отколку што можеме да прифатиме, изјави поранешниот израелски антитерористички функционер Ницан Нуриел, повторувајќи дека границата е „црвената линија“.
Израел го обвинува палестинското движење Хамас и организацијата Исламски џихад за насилство, а предупреди дека ќе пука длабоко во Појасот Газа ако изралеските сили бидат испровоцирани.
Во меѓувреме, Палестиниците подготвиле илјадници автомобилски гуми кои планираат да ги запалат од страна на границата која и припаѓа на Газа, со цел да создадат густ црн чад и на израелските снајперисти да им го отежнат видикот.
Минатата недела е подигнат и шаторски камп со цел демонстрантите да се заштитат.
Претходниот „Марш за враќање“, кој Палестиниците се обидоа да го спроведат минатиот петок, заврши со судири и насилство, и тоа беше најкрвавиот ден во Газа од војната на тоа подрачје во 2014 година.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети