Телото на Денис Тот предадено на обдукција, не се пронајдени активни супстанци при крвни анализи
Ракометарот на Бутел, хрватскиот интернационалец Денис Тот починал денеска претпладне на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ. Тој бил примен во Ургентниот центар во Скопје ноќеска, без срцева акција и без траги на насилство.
Како што рече Маја Мојсова директорка на КАРИЛ, кај пациентот не се пронајдени активни супстанци при крвни анализи и неговото тело е предадено на судска медицина за понатамошна обдукција.
Претходно, МВР соопшти дека вчера во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош.
Дел од медиумите објавија дека станува збор за хрватскиот ракометен интернационалец Денис Тој кој игра за клубот Бутел. Повикувајќи се изјава на член на неговото семсјтво, наведуваат дека тој бил претепен вчера во Скопје.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
