Телеграма со сочувство од Заев за жртвите од земјотресот во Италија
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати телеграма со сочувство до претседателот на Италија Серџо Матарела, премиерот Матео Ренци и граѓаните на Италија за жртвите од катастрофалниот земјотрес, соопшти денеска СДСМ.
- Со големо жалење и загриженост ги следиме информациите за ситуацијата со големиот број настрадани, тешко повредените и потресите што не престануваат. Ја споделуваме болката со семејствата кои загубија свои најблиски и нашите мисли и надежи се со граѓаните кои се борат за живот под урнатините и во болниците. Со оглед дека во овие моменти приоритет е спасувањето на преживеаните, очекувам солидарност од широки размери сега, како и во надминувањето на разорните последици со огромни материјални штети, наведува Заев во телеграмата.
СДСМ, додава Заев, е подготвена да помогне на Италија во рамки на своите можности. Посакуваме брзо опоравување на повредените и стабилизација на природната непогода.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена