-->
-->
Телеграма со сочувство од Мицкоски до семејството на Абдулаќим Адеми
-->
Со жалење ја примив веста за смртта на Абдулаќим Адеми, поранешниот пратеник, министер за образование, министер за животна средина и просторно планирање, заменик претседател на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор и генерален секретар на ДУИ.
Дозволете ми од мое лично име и од името на партијата, да го упатам моето искрено жалење и длабоко сочувство до сите членови на вашето семејство и пријатели. Во овие моменти, знам дека не постојат зборови кои може да ја намалат загубата во вашето семејство, но со споделувањето на чувствата се споделува и тагата.
Спомените за него нема да избледат, Абдулаќим Адеми пред се како човек, а потоа и интелектуалец остави големи траги кои нема да се заборават.
Нека почива во мир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Идната недела стартуваат разговорите за реконструкција на Владата
-

Сиљановска: Проверка на потекло на имот и сериозни реформи за поголема доверба во судството
-

Ахмети најави повлекување, аналитичарите не очекуваат брза смена
-

Филипче: Тотален колапс во земјоделството - нема откуп, нема пари, субвенциите се намалени
-

Со ,,Дојран гурман фест,, отворена летната туристичка сезона
-

Ако се биде како што треба пруга долж Коридорот 10 ќе почне да се гради на есен
-

Оф-роуд ентузијастите од Штип, во служба на пожарникарите
