Тејтум: Доаѓањето на НБА во Европа треба да и помогнеме на кошарката, а не да ја загрози Евролигата

Заменик-комесарот на НБА, Марк Тејтум изјави дека целта на организацијата во однос на плановите за формирање на ново натпреварување во Европа не е директно да ја загрози Евролигата, туку да помогне во развојот на кошарката на Стариот континент.
НБА во договор со ФИБА прави план во блиска иднина да направи пробив на европскиот пазар.
Има бројни последици од таквиот развој на настаните, а љубителите на кошарката се особено заинтригирани како тоа ќе се одрази на монополот што го создава Евролигата.
- Видовме можност да го забрзаме развојот на кошарката во Европа и да го намалиме дефицитот меѓу интересот и финансиската одржливост што постои на тој пазар. Нашата цел не е да ја замениме Евролигата, туку да создадеме комерцијално исплатливо натпреварување кое ја почитува традицијата и да играме висококвалитетна кошарка. Веруваме дека новата лига подобро ќе им служи на навивачите и играчите, изјави Тејтум.
На Стариот континент Евролигата како организација го има истоименото престижно натпреварување и Еврокупот, додека Лигата на шампионите и Европскиот куп се организираат под капата на ФИБА.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
