Тедрос задоволен од „историската одлука“ на САД за суспензија на патентите за вакцини против Ковид-19
Шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус ја поздрави „историската одлука“ на САД да поддржат привремено укинување на патентите за вакцини против коронавирус.
„Им честитам на САД за таа историска одлука во корист на правдата за вакцината, која фаворизира благосостојба за сите во ова клучно време. Ајде, одиме сите напред брзо, солидарно, градејќи се на генијалноста и посветеноста на научникот кој произвел спасоносни вакцини против короната”, твитна генералниот директор на Светската здравствена организација.
Шефот на СЗО лобира со месеци, секогаш кога ќе се укаже можност, во корист на оваа мерка, предложена од СЗО во Индија и Јужна Африка.
Поддршката на Белата куќа за привремено укинување на правата на интелектуална сопственост „ги рефлектира мудроста и моралното раководство на САД да ја поддржат правичноста на вакцината и да работат на ставање крај на оваа пандемија“, напиша Тедрос на Твитер.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата