-->
-->
Тажна вест: Почина познат скопски бизнисмен
-->
Познатиот скопски бизнисмен Владимир Лазов – Буцо починал синоќа. Голем број на негови пријатели на „Фејсбук“ се простуваат од скопската легенда – објави емагазин
„Уште една скопска легенда замина на оној свет, Буцо Лазов, идол на повеќе генерации. Почивај во мир“, напиша Александар Ружин.
Лазов беше сопственик на компаниите „Еуролинија“ и „Лазов груп“ за кои во 2014 година беше отворена стечајна постапка. Буцо беше познат по тоа што беше сопственик на завидна колекција уметнички слики од познати македонски и југословенски сликари, кои потоа поради финансиска криза почна да ги распродава. Исто така, поседуваше и завиден возен парк, но и колекција на познати марки часовници и пури.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска