Таткото на четиригодишното дете кое е позитивно на Ковид-19 апелира да престанат дезинформациите и говорот на омраза
Драганчо Златанов, таткото на четиригодишното девојче, кое е првиот пациент со Ковид 19 на Инфективното одделение се јави од Англија и за МИА информираше дека неговото дете и сопруга во земјава се пристигнати на 14 март без никакви симптоми на болеста. Тој забележува дека доколку неговото дете и сопруга имале какви било симптоми ќе останале во Англија, а не да дојдат во земјава и да го загрозат здравјето најпрвин на потесното семејство, а потоа и на сите останати околу нив.
-Одговорно ви тврдам дека од градинката во Англија добивме е маил во вторникот, во којшто не известуваат да се прегледаме, бидејќи имаат регистрирано случај на заболен родител на дете во градинката, каде што беше згрижена и мојата ќерка. Моето дете не е дојдено од Англија со симптоми, како што тврдат одредени медиуми или како што ги гледам коментарите на социјалните мрежи. Ние сме британски државјани и имаме здравствено осигурување и во Англија. Револтиран сум што секакви дезинформации има околу нашиот случај, вели Златанов.
Побара да престанат дезинформациите, шпекулациите и говорот на омраза за и околу нивниот случај. Тој за МИА вели дека откако ја добиле електронската пошта од градинката веднаш неговата сопруга побарала да се тестираат во Центарот за јавно здравје-Штип.
Инаку изминатите денови неговото детето било во самоизолација и не е излезено од домот. Златанов вели дека од неговото семејство покрај неговата ќерка, позитивна е и една од бабите, додека за неговата сопруга и нејзиниот татко синоќа се пристигнати резултатите и се позитивни на Ковид-19. Забележа дека во земјава неговото семејство не е пристигнато за да биде на товар на македонскиот здравствен систем, како што од завчера ги слуша и гледа коментарите на одредени медиуми и на социјалните мрежи. Потенцираше дека финансиите на неговото семејство не се проблем, тие во Англија имаат хотел и сопствена такси компанија и се здравствени осигуреници на Англија, која што како што вели дава врвна здравствена заштита.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека семејството е во домашен карантин, бидејќи се со лесна клиничка слика, задолжени се инфектолозите двапати во денот да ги посетуваат и да ја следат нивната здравствена состојба. Во текот на денот очекуваат и резултати за уште двајца пациентите, кои се од други градови во источниот регион и не се поврзани со овој случај.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња