Ташевска-Ременски: Да им обезбедиме достоинствена старост на старите лица
Процесот на стареење е пат кој што го одиме сите и тој пат мора да биде заедничка грижа на сите граѓани, општествени чинители, независно дали се носители на некакви функции, претсатвници на институции... Затоа сите треба да дадеме придонес, да ги срушиме стереотипите и предрасудите и сите да помогнеме старите лица да имаат достоинствена старост, порача министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски по повод Меѓународниот ден на стари лица 1 Октомври.
- Сакам да ги повикам сите општествено одговорни фирми, компании, фармацевтски компании, угостители, образовни институции, граѓани... сите да дадеме придонес кон подобрување на условите во кои престојуваат нашите баби и дедовци, нашите комшии, сограѓани, старите лица, кои очекуваат многу повеќе и од институциите и од граѓаните. Треба и да се надминат предрасудите кои најчесто ги следат старите лица дека ним им поминал животот, работниот век, дека се беспомошни, бескорисни, рече Ташевска Ременски при посетата на Домот за стари лица Мајка Тереза.
Додаде дека на старите лица треба да им се подаде рака, а нашите деца, како што рече, да ги научиме во очите на старите лица да ги гледаат нивните баби и дедовци, а со тоа и да ги срушиме бариерите и стереотипите кои владеат и можеби го предиспомираат однесувањето на институцииите и на граѓаните. На старите, потенцира Ташевска Ременски треба да им се овозможи достоинствена старост, која значи, не само пензија, туку и повисок животен стандард, подобри и подостапни здравствени услоги, поголема грижа од институциите...
- Во таа насока секоја инвестиција во просторот за сместување на стари лица е инвестирање во достоинствено стареење и достоинствена старост. Затоа продолжуваат сите активности во делот на поттикнувањето на институциите на државата и на приватните лица во инвестиција за сместување на старите лица, но исто така и државна субвенција за помош на лицата кои немаат средства и услови да го платат сместувањето во приватните или во државните установи за згрижување лица, рече министерката за труд и социјална политика.
Таа информира дека како Министерство сакаат да ги процесуираат сите понуди кои доаѓаат до оваа институција од одговорни фирми кои сакаат да вложат во инфраструктурата во старските домови, во обнова на најпотребните ресурси кои во моментот се неопходни за Домот за стари лица.
- Станува збор за тоалетите за кои веќе има пројавено интерес од инвеститор кој доброволно ќе вложи во нивно реновирање, но исто така и МТСП по примерот на инвестицијата што ја направивме во старскиот дом во Прилеп кога реновиравме цел приземен дел кој беше несоодветен за престој на старите лица, да направиме и тука неопходна реконструкција највеќе во делот на кровната конструкција и тоалетите, истакна Ташевска-Ременски.
Во моментот во Домот се сместени 68 лица, а капацитетот за згрижување е 110 лица. За да се исполни целиот капацитет, како што рече министерката, треба да се изврши доопремување за да може да се обезбеди примем на нови баратели за сместување во домот.
Ново на Сител
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња
-
Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел
-
Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници
-
Курти: Србија пропагира за насилство врз Србите во Косово, а фактите го кажуваат спротивното
-
Одлука за испраќање припадници на АРМ на вежби во Бугарија и Германија и во операција на НАТО во Косово