Танасоски: Компаниите побрзо ќе ja завршуваат царинската постапка и сo помалку документи
Помал број документи и побрзо завршување на царинските постапки, најавува директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски во интервју за МИА.
- Еден од стратешките приоритети за нас и Министерството за финансии е подобрување и поедноставување на царинското законодавство, со цел олеснување на работата на малите и средните претпријатија и зголемување на конкуретноста и извозот. Најважен дел од новото царинско законодавство ќе биде нов Царински закон што ќе биде усогласен со новиот Царински закон на Унијата што почна да се применува од 2016 година, посочува Танасоски.
Тој истакнува дека дел од измените ќе доведат до поедноставување на царинските постапки, што ќе го олесни работењето на малите и средните компании, ќе ја подобри нивната конкурентност и ќе им помогне поефикасно да се вклучуваат во глобалните синџири на трговија.
Новата царинска регулатива, освен што ќе биде поедноставена, ќе ги содржи и другите три столба неопходни за подобро интегрирање на македонската економија во глобалните текови – ќе биде транспарентна, хармонизирана и стандардизирана.
Она што сега, на почетокот може да се најави е помал број на документи и побрзо завршување на царинските постапки, вели во интервјуто директорот на Царината најавувајќи дека од 2018 година ќе се воведе нов софтвер за обработка на царински декларации кој треба да придонесе кон значително подобрување и олеснување на царинското работење и воведување безхартиена царинска околина што треба да ги интегрира во себе и системот за електронско издавање дозволи за увоз и извоз.
- Планираме во соработка со граничните агенции да ги ревидираме сите непотребни дозволи што се бараат при увозот и транзитот на стоки во ЕХИМ систем за електронско издавање дозволи со цел олеснување на прекуграничното движење на стоките, вели Танасоски во интервју за МИА.
Ново на Сител
-
ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола
-
Полицајци од СВР Тетово спречија девојка да си го одземе животот, приведено едно лице поради сомнение за посредување на проституција
-
Гори на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце
-
Европол: Уапсен клучен актер кој стои зад рускојазична платформа за сајбер-криминал во Украина
-
Синер повторно го ангажираше Ферара
-
Во Гевгелија измерени 42 степена, а 40 во Скопје, освежување од недела
-
ССНМ бара препораките за топлото време да важат и за новинарите и да не се организираат настани на отворено
-
Со македонски пасош без виза може да се патува во 130 држави