-->
-->
Тајфун носи се пред себе: Илјадници луѓе евакуирани
-->
Илјадници луѓе биле евакуирани во јужен Тајван откако била прогласена алармантна ситуација поради најсилната бура оваа година.
Супертајфунот „Меранти“ го погодил Тајван, а брзината на ветерот изнесувала и до 370 километри на час, што е побрзо од брзината со која се движат автомобилите во Формула 1, пренесуваат странските медиуми.
Училиштата и канцелариите биле затворени, а десетина летови биле откажани. Две лица биле повредени а повеќе од 260.000 домаќинства останале без струја, навеле функционерите.
До седум часот по локално време, околу 1.500 лица биле евакуирани од загрозените подрачја. Биле ангажирани околу 4.000 воени и полициски лица, меѓутоа официјалните лица не очекуваат поголема штета.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости