Тага и болка на погребот кај мајката и бебето кои беа сурово убиени

Славица (24) и нејзиното 4 месечно бебе Николина Сабо, се погребани денес во заеднички сандак, на гробиштата во Нови Сад, откако монструозно до смрт ги искасапи сопругот и татко Арпад Сабо (29).
На последното испраќање на Славица и малиот анѓел, покрај роднините дојдоа и многу други луѓе, кои дошле да го дадат последниот поздрав на невините жртви, кои свирепо беа убиени.
Да потсетиме Арпад Сабо од Липар во неделата навечер ги уби неговата сопруга и нивното 4 месечно бебе. Тој најпрвин крвнички ја избодел Славица, а потоа на ист начин го убил и новороденчето кое често плачело.
Обдуцентите открија дека со повеќе од 28 убоди ги усмртил и мајката и бебето. Смртта кај бебето настапила во истиот момент.
Таквиот призор со сега не сме виделе. Тоа иживување над бебето и жената, тоа е незамисливо. Кога влеговме, ние кои се нагледавме се и сешто не ни беше добро. Бебето лежеше во креветчето, а мајката во вецето. Двете беа во крв. А убодите од ножот немаше каде не беа, вели извор за српски Курир.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ана Михајлов, директорка на Националната агенција за европски образовни програми
-

Од Македонија до Солун со лажен товар – „Вардарис“ разоткри меѓународен шверц на дрога
-

Мицкоски: Инфлацијата меѓу најниските во регионот
-

Пожарот во Зелениково наврме локализиран, спречена опасноста да зафати куќи и викендици
-

Мицкоски: Истрагата за водата во Гостивар може ќе открие и други одговорни во случајот
-

СДСМ обвинува за притисок врз директори
-

Европа бара свои суровини, Македонија се уште чека на нови рударски инвестиции
-

Охридските пчелари со загуби поради климатските промени
