Тачи: Нема да има војна со Србија
Косовскиот претседател Хашим Тачи е убеден дека нема да има војна меѓу Србија и Косово.
- Не верувам дека може да има војна. Нема потреба за никаква загриженост, изјави Тачи во емисијата „Зона на дебати“ на телевизијата Клан Косова.
- Војна нема да има, повтори Тачи, додавајќи дека Косово на повиците за војна ќе одговори со мир.
Тој вели дека Косово било провоцирано со возот кој тргнал од Белград кон Косовска Митровица и додава дека возот го запреа оние кои и го стартираа, нагласувајќи оти Косово „реагирало согласно силата на законот и немало одговор со сила“.
Косовскиот претседател се задржа и на контроверзниот мост во северниот дел на Косовска Митровица.
- Мостот ќе биде урнат и нема да има никакви немири. Мостот ќе го урнат оние кои и го изградија, изјави Тачи.
Ново на Сител
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
М-ТЕЛ стана партнер на Д-фестивал
-
КРКА ја презентираше мобилната апликација ФЛЕБИ
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд