Тачи: Косово не е Каталонија
Претседателот на Косово, Хашим Тачи побара Мадрид „што е можно побрзо“ да го признае Косово, истакнувајќи дека Шпанија не е „Србија на Милошевиќ ниту Косово е Каталонија“.
Тачи, во интервју за шпанската новинска агенција ЕФЕ, истакна дека признавањето на Косово не би требало да предизвика дополнителни националистички тензии во Шпанија, бидејќи не можат да се прават паралели меѓу двата случаи.
- Нема паралели меѓу Косово, Каталонија или Баскија. Прво, Шпанија не е Србија на Милошевиќ, Косово не е Каталонија или Баскија, посочи Тачи.
Тој апелира до Шпанија да го признае Косово бидејќи верува оти двете земји делат исти вредности.
- Сакам да верувам дека Шпанија сака да ни го олесни животот, а не да ни го отежне. Ние сме пријателски држави и делиме исти вредности и Шпанија нема ништо против Косово, посочи Тачи.
Шпанија е една од петте земји-членки на Европска унија што не го има признаено Косово.
Ново на Сител
-
Путин положи заклетва за новиот, петти по ред, претседателски мандат
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција