Тачи апелира на помирување
Потребно ни е национално помирување и да не дозволиме насилство да се вгнезди во нашето Косово. Ова е апелот на косовскиот претседател Хашим Тачи по инцидентот со фрлената експлозивна направа во зградата на косовскиот парламент.
- Насилството носи страв, стравот носи омраза, а омразата потоа носи уште поголемо насилство. Ние може да не се согласуваме околу многу работи, но за она за кое треба сите да бидеме согласни е тоа дека насилството не треба да најде место во нашето Косово, апелира Тачи.
Тој најсилно го осудува синоќешниот напад врз зградата на законодавниот дом.
- Можеби не ги знаеме имињата на напаѓачите, но знаеме дека тие се луѓе кои не го сакаат Косово, не ја посакуваат европската иднина на нашите граѓани и не сакаат косовските деца да растат во мир, оцени Тачи.
Тој уште искажува доверба во правосудните органи дека ќе ги идентификуваат напаѓачите и ќе го расветлат случајот.
- Верувам дека сите ќе се обединиме и нема да дозволиме насилството да најде место во нашето општество, вели Тачи..
Непознати напаѓачи синоќа фрлија експлозивна направа во зградата на косовскиот парламент. Како што соопшти локалната полиција, експлозивот бил фрлен од растојание и при нападот нема настрадани лица.
Ново на Сител
-
Гир: Подготвени сме да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес
-
Писториус ја поздрави обуката на украински војници на системи Патриот
-
Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни
-
Приведен прилепчанец за шверц на 45 шишиња метадон
-
Средба на лидерите од СДСМ
-
24-годишник избоден во ресторан во Дебар
-
Битолчанец измамил 76-годишна жена за 398.000 денари
-
Калињак: Закрепнувањето на премиерот Фицо, по обидот за убиство, ќе трае исклучително долго