-->
-->
Taa бесплатно патува низ светот запознава мажи и тие и плаќаат и вели дека не е проститутка
-->
Aлиса Рамос, модел за долна облека од американската сојузна држава Висконсин, веќе подолго време патува низ светот и тоа како што самата раскажува, без да потроши ништо. Таа вели дека нaмасто да оди на прв состанок, таа оди на патување. Со помош на aпликацијата Тиндер и други страни за запознавање досега се сретнала со мажи од Ибица, Канкун, Њујорк, Лос Анџелес, Лас Вегас, Дубаи и Флорида, а тврди дека со никој од нив не спиела.
20-годишната Алиса вели дека изминативе 5 месеци патува скоро секој викенд, а наскоро планира да оди на Бахамите и во Грција.
– Се чувствувам како принцеза и многу е забавно. Исто така, многу е убаво што имам шанса да го прошетам светот додека сум млада. За жал, познавам луѓе кои имаат над 30 години, а никогаш не излегле од својата држава – вели Рамос.
Таа објаснува дека мажите и плаќаат лет и и’ обезбедуваат сместување, а до сега не морала да посегне по паричникот ниту за други работи.
– Никогаш не плаќа и тоа не ми смета. Многу девојки се нанаситни, но јас сум благодарна за сето тоа што ќе го добијам. Секој маж до сега со кој сум се нашла ми платил се’. Кога ќе понудам јас да платам, тие одбиваат.
Сепак, таа признава дека го користи Тиндер за да патува бесплатно, а не за да си најде момче.
– Секако дека таму може да си најдеш момче, па и да се заљубиш, но јас во моментов не барам врска. Јас им давам на знаење уште пред да ми ја купат картата дека не планирам ништо посериозно. Има и такви кои единствено сакаат да спијат со мене, но тие се трудам да ги избегнувам.
Таа вели дека тоа што го прави нема врска со проституција.
– Потполно е поинаку. Не спиеш со никого. Може да излеземе на вечера и да играме, да се забавуваме, но ништо повеќе. Описот ескорт дама или девојка за придружба воопшто не ми смета. Исто како тие што добиваат пари за нивното друштво, добивам и јас, завршува таа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп