СЗО ги поддржува здравствените власти во нивните напори за подобро справување со Ковид-19

Оваа седмица, експерти од Канцеларијата на СЗО во Скопје, од Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, од Балканскиот центар на СЗО за вонредни состојби и од Одделот за управување со кризи на институтот „Роберт Кох“ од Берлин ги здружија силите со претставници на националните здравствени власти воспроведувањето на техничка мисија за прегледна тековните активности што ги спроведуваРепублика Македонија како одговор на КОВИД-19.
Во услови на пролонгирање на пандемијата, ваквата мисија претставува процес воден од самата држава кој ќе ѝ овозможи да го преиспита својот одговор на КОВИД-19, да ги определи најдобрите практики, недостатоци и научени лекции, како и активностите за најбрза можна корекција на недостатоците иза континуирано подобрување на одговорот на епидемијата.Реализирана во периодот од2до 5 ноември2021година, оваа техничка мисија претставува дел од поддршката што СЗО им ја дава на националните здравствени власти за делотворенодговор на пандемијата на КОВИД-19.
„За време на одговорот на КОВИД-19, Македонија се стекна со нови искуства и во тој контекст овој процес ќе помогне да се идентификуваат неопходни и навремени модификации на стратегијата заради што подобар одговорна кризата. Ова претставува важен чекор за зајакнување на националниот систем за јавно здравје, подобрување на превенцијата на епидемии и забрзување на процесот на постигнување подготвеност за евентуална идна закана по јавното здравје” -изјави д-р Жихан Тавила, претставничка на СЗО во Македонија.
Заедно со националните епидемиолози и професионалци одобласта на јавното здравје, ескпертите на СЗО анализираа одделни области од одговорот на државата на КОВИД-19, меѓу кои: координацијатана ниво на држава, планирање и мониторинг;надзор, тимови за брз одговор и истражување на случаи;начинот на водење на случаите;одржувањето на суштинските здравствени услуги и системи во услови на пандемија; вакцинацијатапротив КОВИД-19; икомуникација за ризиците.
Прегледот на активностите укажа на неколку краткорочни и долгорочни акции со кои би се подобрил одговорот на КОВИД-19 и би се зајакнале подготвеноста и одговорот на Македонија на здравствени вонредни состојбивоо пшто. Мултидимензионалните препораки дадени од учесниците се следниве: инвестирање во одржливи човечки ресурси;континуирано градење капацитети и обуки(со редовни симулациони вежби);ажурирање на законодавството кое се однесува на вонредни состојби и заразни болести;подобрена комуникација меѓу давателите на здравствени услуги на сите нивоа;иинтензивирање на тековната дигитализација на здравствените информативни системи. Листата со детални активности ќе биде дополнително утврдена од страна на државата, а активностите на имплементација ќе бидат придружени со механизми за следење на напредокот. Деталните активности што ќе произлезат како резултат од оваа оценска мисија ќе бидат приоритет за натамошното работење во оваа област.
Сетоа ова беше овозможено благодарение на финансиската помош и помошта во опрема од проектот на ЕУ за зајакнување на отпорноста на здравствените системи на Западниот Балкан, како и на техничката поддршка добиена од СЗО и инститот „Роберт Кох“.
Канцеларија на СЗО во Скопје
Ново на Сител
-

Во Обединетото Кралство секој ден во просек по петтмина Албанци се осудуваат на казна затвор
-

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница
-

Трамп до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол
-

Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби
-

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола
-

Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје во последното деноноќие, во Штип синот го нападнал својот татко
-

Мицкоски: Состојбата со горивата во овој момент е стабилна, нема потреба од какво било ограничување
-

Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект, а во една обложувалница биле затекнати малолетници
